Барселона донесе одлука пет играчи да бидат продадени во зима


Барселона ќе се раздели со пет фудбалери во зимскиот преоден рок. Според „Мундо Депортиво“, доколку има купувачи, Усман Дембеле, Самуел Јумтити, Мартин Брајтвејт, Жуниор Фирпо и Карлес Алења ќе го напуштат клубот.

Оваа сезона 23-годишниот Дембеле постигна два гола и една асистенција на седум натпревари, 29-годишниот Брајтвајт настапи на четири натпревари, 26-годишниот Јумтити не влезе на теренот, 24-годишниот Фирпо одигра 24 минути на две средби, додека 22-годишниот Алења играше само седум минути.

Еден од претендентите за Дембеле е Манчестер јунајтед, кој ќе започне преговори со Каталонците во текот на зимскиот преоден рок. Според трансфермаркт, играчот е проценет на 50 милиони евра.

За другите четворица сè уште нема заинтересирани екипи.