Барселона без Меси во составот замина во САД

Шпанскиот фудбалски шампион Барселона замина на турнеја во Соединетите Американски Држави. На списокот на играчи го нема Лионел Меси кој доби поштеда од тренерот Ернесто Валверде.

Составот на Барселона за турнејата во САД:

Голмани: Тер Штеген, Нето, Пена.
Дефанзивци: Семедо, Пике, Тодибо, Ленгли, Вах, Алба, Роберто, Јамтити, Јуниор.
Среден ред: Ракитиќ, Бускетс, Кутињо, Артур, Рафиња, Ален, де Јонг, Видал, Пуиг.
Напаѓачи: Суарез, Дембеле, Гризман, Перез, Руиз.

Во САД, каталонскиот тим ќе одигра два меча со Наполи, првиот на 8 август, вториот три дена подоцна.