Барса и Реал ќе играат „Ел Класико“ во необичен термин


Претстојното најголемо дерби во шпанскиот, а можеби и во светскиот фудбал, помеѓу Барселона и Реал Мадрид, на 26 октомври, ќе се игра во 13 часот.

Ова е првпат „Ел Класико“ на стадионот „Камп Ноу“ да се игра во овој термин кој воопшто не е популарен кај навивачите во Шпанија, но погоден е за фановите во Азија. Наместо во Европа, дербито ќе се игра во ударен телевизиски термин по вкус на Кинезите и Јапонците.

Пред две години, Реал и Барса играа од 13 часот, но тогаш во Мадрид, и славеа каталонците со 3:0, со голови на Суарез, Видал и Меси.