Барса ги продава Ракитиќ и Кутињо


Раководството на Барселона дало зелено светло за заминување на Иван Ракитиќ и Филипе Кутињо, пишува каталонскиот „Спорт“.

Според истиот извор, првата причина за продажба на горенаведените играчи е таа што Барса има проблеми со преголемиот број играчи за врска, така што сака да се ослободи од некои од нив.

Втората причина, е тоа што на Ракитиќ и Кутињо, каталонците најмногу можат да заработат, бидејќи сега им требаат пари, особено по трансферот на Гризман, но и плановите за враќање на Нејмар во Барса, за кого ПСЖ бара 200 милиони евра.

„Спорт“ пишува дека Барселона се надева дека од Кутињо ќе извлече 100, а за Ракитиќ 50 милиони евра, а по оваа објава на Каталонците следните денови се очекуваат да стигнат првите понуди.