Барние: Нема причина за оптимизам за Брегзит

Главниот европски преговарач за Брегзит Мишел Барние денеска ги предупреди европските законодавци дека нема причина за оптимизам дека Брисел и Лондон ќе постигнат договор.

Оценката на Барние доаѓа откако европратениците рекоа дека не може да се постигне договор за Брегзит без заштитната клаузула за ирската граница, која британскиот премиер Борис Џонсон бара да се извади од договорот.

– Не можам објективно да ви кажам дали контактите што ги остваривме со Владата на Џонсон ќе доведат до договор меѓу денеска и средината на октомври, рече Барние пред лидерите на парламентарните групи.

– Немаме причина да бидеме оптимисти, додаде европскиот преговарач за Брегзит.