Барние: Идната недела значајна за преговорите за брегзит


Исходот од преговорите меѓу владата на британската премиерка Тереза ​​Меј и опозициската Лабуристичка партија, што би овозможил излез од ќор-сокакот за дебатата за напуштањето на ЕУ, би можел да бидат познат следната недела, изјави денеска главниот преговарач на Европската унија, Мишел Барние.

-Оваа недела ќе биде многу важна. Ќе бидат познати резултатите од преговорите меѓу Лабуристичката партија и Владата на Тереза ​​Меј, изјави Мишел Барние.

Портпаролката на Лабуристичката партија претходно изјави дека разговорите биле продуктивни, но дека владата мора да помести некои од своите ограничувања.

Барние верува дека преговорите меѓу Лабуристичката партија и британската влада не го доведуваат во прашање договорот за напуштање на ЕУ, за кој претходно беше постигнат договор помеѓу блокот и британската влада.

-Двете страни се согласија дека договорот што го имаме е е единствено можен. Договорот што го постигнавме е конечен и за него не може да се преговара, рече тој.

Запрашан од новинарите дали Велика Британија на крајот од мај ќе учествува на претстојните избори за ЕУ-парламентот, Барние одговори позитивно, ако пред изборите не е постигнат некаков договор.