Барбадос: Се одрекуваме од кралицата Елизабета, сакаме република

 

Барбадос сака да ја отстрани британската кралица Елизабета Втора од врвот на државата и да стане република, соопшти владата на оваа карписка држава.

„Дојде време потполно да го напуштиме своето колонијално минато“, рече гувернерката на Барбадос, Сандра Мејсон, обраќајќи и се не премиерката Миа Мотли.

Поранешната британска колонија, која независност стекна во 1966 година, формално ја задржа својата врска со британската монархиа, како и некои други држави, кои некогаш беа дел од бритнаксата колонија, потсетува Ројтерс.

Гувернерката рече дека граѓаните на Барбадос сакаат за шеф на државата да стават некој од тој остров.

„Тоа е краен израз на доверба во тоа кои сме и што можеме да постигнеме. Затоа Барбадос ќе преземе следен логичен чекор кон потполна сувереност и ќе стане република до одбележувањето а 55-годишнината од независноста“. порача гувернерката.

Барбадос годишнината од независноста ќе ја одбележи во неомври в година.

Барбадос е островска земја во Средна Америка и е дел од карипската островската група Западни Инди, а источно од државата се наоѓа Атлантскиот Океан, додека западно се наоѓа Карипското Море.

Вкупната површина на Барбадос изнесува 430 километри квадратни каде живеат нешто помалку од 300.000 жители. Главен град на земјата е Бриџтаун, а службен јазик е англискиот јазик.