Барателите на азил кои пристигнуваат во Велика Британија ќе се преместат во воени бази


 Барателите на азил кои пристигнуваат во Велика Британија ќе се сместуваат во напуштени воени бази, фериботи и баржи, согласно планот на Владата во Лондон за намалување на трошоците за хотели.

Британскиот министер за имиграција Роберт Џенрик денеска ќе објави користење на две локации на РАФ, бидејќи се обидува да ги намали 6,8 милиони фунти дневно што Владата вели дека ги троши за сместување во хотели.

Како што пренесе ДПА, плановите веројатно ќе бидат контроверзни, со тоа што министерот за надворешни работи Џејмс Клеверли веќе ги критикуваше предлозите да се користи базата во неговата изборна единица Есекс.

Џенрик денеска ќе објави дека луѓето кои ќе пристигнат во Велика Британија откако ќе го преминат Каналот со мали чамци, ќе бидат сместени во базите Ветерсфилд и Скамптон на Кралските воздушни сили (РАФ).