Барањето за смени во МОК е политичка злоупотреба, реагираат од комитетот


 

Претседателот на македонскиот олимписки комитет, Даниел Димовски, денеска ги оцени како злонамерна пласирана дезинформација барањата за негова смена и на Управниот одбор  во комбинација со партиско-политичка злоупотреба на моќ за остварување на лични цели.

Димовски пишува:

„На 9.1.2024, до канцеларијата на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, со поштенска достава беше доставен допис без наведен испраќач. Од содржината на дописот насловен како ‘Барање’, се наслутува желбата на испраќачот да иницира свикување на Вонредно собрание на ОКСМ.

Врз база на доставениот допис, во консултација со правната комисија како надлежно

тело за правно толкување на оваа материја, барањето е безпредметно поради правни

недостатоци од суштински и формален аспект, бидејќи:

  1. Барањето не е поткрепено со потребен број поддржувачи согласно член

29 од Статутот на ОКСМ и е далеку од мнозинство.

  1. Барањето е спротивно на пропишаната процедура во Статутот на ОКСМ и

Деловникот за работа на Собранието на ОКСМ во делот за постапка и рокови за избор

на претседател на ОКСМ.

  1. Барањето содржи имиња на физички лица и правни субјекти кои не се на листата

полноправни членки на ОКСМ со право на глас.

  1. Барањето не содржи име на овластени лица согласно статут и одлука на надлежен

орган во наведената спортска организација.

  1. На барањето има печати од спортски организации кои не се во оптек, кои се

предмет на злоупотреба и се предмет на активни судски и управни постапки.

  1. Барањето не содржи образложение по кој основ и за што се поднесува.

Чувствувајќи ја загриженоста кај некои од нашите членки, го делиме истиот став со

предлагачите во овој допис за одржување на редовно изборно собрание што поскоро,

а кое секако е статутарно определено да биде одржано годинава, не подоцна од 28

октомври 2024“.