Банкнотите исплатени до европратениците делумно повлечени во белгиски банкомати


 

Истрагата за поткупот на европратениците од страна на Катар откри дека дел од банкнотите искористени во овој корупциски скандал биле повлечени во банкомати во Белгија.

Оваа информација би требало да помогне да се открие за која банка станува збор и оттука да се открие и банкарската сметка од која се повлечени парите.

За потсетување, пронајдени се 1,5 милиони евра во кеш кај членови на Европскиот Парламент во рамките на истрагата за поткуп од страна на Катар.

Според информациите објавени во весникот Л’Ехо банкнотите се нови, спакувани во пластика и неискористени.

Доколку се пронајде банката и банкарската сметка од која се повлечени парите истрагата ќе може да го идентификува лицето или лицата кои вршеле корупција. Истовремено се анализираат и отпечатоците од прсти врз банкнотите.

Анализите би требало да дадат резултати за неколку недели.