Банките нудат одлагање на отплатата на кредитите за шест месеци

Одлагање на отплатата на кредитите до шест месеци, односно најдоцна до 30 септември е одлуката на банките членки на Македонската банкарска асоцијација донесена на 26-ти овој месец што ќе ја понудат на граѓаните. Дел од банките, како што наведуваат од МБА, веќе започнаа со објава за промена во условите за плаќање на кредитите што произлезе од околностите настанати од коронавирусот.

Од банкарската асоцијација истакнуваат дека мерките што вклучуваат одложување на отплатите на кредитите се наменети за оние физички лица и компании кои навистина се во неможност во овој период да продолжат со подмирување на своите обврски кон банките и штедилниците и други доверители заради престанок со работа на компаниите, губење работни места, намалување плати итн.

– Се разбира сите оние кои се во можност да продолжат да отплаќаат, да го сторат тоа. На тој начин ќе покажат солидарност со сите оние на кои навистина им е потребна помош во текот на корона-кризата, нагласуваат од МБА.

Додаваат дека со ова нејзините членки ја потврдуваат својата општествена одговорност да им се излезе во пресрет на граѓаните и компаниите, кои веќе се соочуваат или во натамошниот период би можело да се соочат со големи проблеми заради корона-кризата.