Балтичките земји изразија солидарност со Полска и подготвеност да ја бранат
Министерството за надворешни работи на Естонија изрази загриженост поради извештаите за инцидент во источна Полска, во близина на границата со Украина, каде што, според неофицијални извештаи, паднале руски проектили или нивни остатоци.
„Највознемирувачки се најновите вести од Полска. Тесно се консултираме со Полска и другите сојузници. Естонија е подготвена да ја брани секоја педа од територијата на НАТО“, објави естонското Министерство за надворешни работи на Твитер.
Латвискиот министер за одбрана Артис Пабрикс изјави дека „Латвија целосно ги поддржува полските пријатели“.
Литванскиот претседател Гитанас Науседа, исто така, увери дека земјата „одржува близок контакт“ со Полска и дека секој сантиметар од територијата на НАТО ќе биде одбранет.