Балканскиот форум за е-трговија ги собира во Софија водечките претставници на онлајн бизниси од регионот
Софија- Балкански самит за е-трговија ќе се одржи денеска и утре во „Sofia Tech Park“ на кој ќе учествуваат водечки претставници на онлајн бизнисот од регионот, известуваат организаторите од Академијата за е-трговија, јави БТА.
На форумот ќе бидат претставени најновите трендови и иновации во областа на е-трговијата, а главната цел е да се промовира развојот на е-трговијата во балканскиот регион и да се создадат можности за раст и проширување на бизнисот на онлајн трговците.
Форумот ќе се фокусира на три главни теми – новите трендови во областа како што се Live Shopping, платформите на глобалниот пазар како eBay, маркетинг стратегии за прекугранична трговија, алатки за подобрување на продажбата, прекугранични логистички решенија, како и клучни трендови за секој пазар од Балканот
Планирано е и да има голем експо простор со над 30 излагачи, каде ќе бидат претставени компании специјализирани за логистика, платежни инструменти, софтвер за оптимизација на комуникација и продажба, дигитални агенции, платформи за креирање продавници, платформи за пазар.
Меѓу говорниците на форумот се претставници на eBay, Httpool (официјален продажен партнер на Facebook/Meta на Балканот), Mediapost HitMail, euShipments, меѓународни маркетинг експерти од CEE Digital Alliance.
Меѓу партнерите на форумот се Бугарската стартап асоцијација (БЕСКО), Бугарската стопанска комора, Бугарско-романската стопанска и индустриска комора, Унијата за бизнис иницијатива, здруженијата за е-трговија на Северна Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина.