Балетска претстава „ЛА, ЛА, ЛА…!” во НОБ


На сцената на Националната опера и балет (НОБ) вечер ќе се одигра балетската претстава „ЛА, ЛА, ЛА…!” во кореографија на Саша Евтимова.

Музиката е на Македонски евергрини, а идејата за костими е на Саша Евтимова. Светло мајстор е Милчо Александров.

На претставата настапуваат – женски ансамбл: Ангела Велевска, Мила Ниновска, Христина Наќевска,Симона Митовска, Ангела Богатинова, Бојана Христовска, Ивана Димкоска, Меланија Гоцевска и Мартина Димовска, како и машки ансамбл: Игор Веланоски, Ендру Кук, Мирослав Митрашиновиќ, Агим Бафтии, Мартин Саздовски, Кристијан Јангос, Јан Кисилев и Никола Орсо.

-Модерен балет за оние што сонуваат за среќа и едни времиња во кои живеевме, луѓето со кои сме ги споделувале тие мигови – ништо не може да го оживее тоа време, тоа сеќавање, тој живот освен една стара музичка миксана лента. Секоја миксана лента раскажува една приказна од различно време. Музиката е таа која не води на незаборавни патувања, велат организаторите.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.