Балетот „Госпоѓиците од Авињон“ со овации во Битола – космополитско патување за сите сетила
Во Битола каде уметноста и културните збиднувања се на висок пиедестал, синоќа во Центарот за култура, уживаше во балетската изведба на Националната опера и балет на „Госпоѓиците од Авињон“ која ја однесе публиката на едно космополитско патување.
Со извонредната балетска игра се истакнаа Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова- Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова и Христина Наќевска, кои настапија заедно со одличните Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лашеи од Унгарија, Агим Бафтии и Ендру Кук од Англија.
Олга Панго, која е кореограф и режисер на претставата, со асистентите Горан Божинов и Саша Евтимова направија впечатлива кореографија, а заедно со сценографските елементи на Валентин Светозарев вклопени во приказната, но и играта на светлото за кое беше задолжен Милчо Александров, костимите на Раде Василев и шминкaта на Златица Поповска, овозможија неверојатна балетска магија.
Моќната музика за балетот е компонирана од Калиопи Букле.