Балашевиќ погребан со песната „Оливера“, му ја свиреа тамбураши (видео)


Скопје се прости од великанот на музиката со неговите хитови пред Универзална/ Фото: Б. Грданоски

Србија- Иако беше најавувано за понеделник, на градските гробишта во Нови Сад новосадскиот кантавтор и регионална поп-ѕвезда Ѓорѓе Балашевиќ, беше погребан со песната „Оливера“ посветена на неговата сопруга.

Од капелата до гробницата, тамбураши свиреа песни на Балашевиќ.

Во тажната поворка беше само најблиското семејство, градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ, како и градоначалникот на Љубљана.

Синот на Балашевиќ, Алекса и зетот Александар Јовановиќ, сопругот на ќерката на Ѓоле и Оља, Јована, најпрво пристигнаа на гробиштата, а потоа и ќерката Јелена.

Сакајќи да се простат од ненадејно починатиот најстар член, семејството ангажирало приватно обезбедување, кое ги затворило сите влезови на гробиштата.

Балашевиќ три дена се лечеше на Инфективната клиника во Нови Сад поради проблеми со белите дробови и пневмонија, откако десетдневното лекување дома не дало резултати.

Почина три месеци пред 68-роденден како последица на Ковид-19 и претходни хронични здравствени проблеми.