Бакнежот на Џил Бајден и Даг Емхоф стана вирален 

Пред големото обраќање на Џо Бајден за состојбата на нацијата, неговата сопруга и „вториот господин на САД“ разменија многу срдечна поздрав


САД- Американскиот претседател Џо Бајден во вторникот го одржа своето големо годишно обраќање за состојбата на нацијата во Вашингтон. Американските аналитичари го нарекоа неговиот говор „убедливо најинтерактивното“ обраќање за состојбата на нацијата во историјата на САД, бидејќи Бајден беше исклучително самоуверен, гласен и смешен.
Од друга страна, еден момент им падна во очи на твитерџиите што се случи меѓу толпата пред самиот говор. Камерите ја фатија првата дама Џил Бајден како се ракува со толпата додека се движеше низ преполната сала  накај Даг Емхоф, сопругот на американската потпретседателка Камала Харис.


Сопругата на Бајден и „вториот господин на САД“ се држеа за раце, кратко се насмевнаа и – се бакнаа во уста. Судејќи по сега виралното видео, никој во нивната непосредна близина не бил вознемирен од нивниот бакнеж и сите продолжиле да ракоплескаат како ништо да не се случило.
Сепак, корисниците на социјалните мрежи не го криеја изненадувањето од ваквиот гест на интимност. Многумина го нарекоа бакнежот „чуден“, додека други се пошегуваа дека „Ковид сега дефинитивно заврши“.

„Образот е во ред. Или прегратката. Ова е чудно со оглед на тоа што и двајцата знаеја дека камерите ги снимаат“, коментира американската новинарка Џо Конча.

Од друга страна, некои се убедени дека зад бакнежот се крие политичка порака. Се очекува за неколку недели Бајден да ја објави својата кандидатура за втор претседателски мандат, а дел од демократите сметаат дека тој во трката треба да влезе без Камала Харис. Сепак, овој бакнеж, според многумина, е знак дека Бајден и Харис немаат намера да се разделат наскоро.