Бакајоко: Сакам да играм за ПСЖ


Играчот од средниот ред на Челзи, Тимуе Бакајоко, откри дека е подготвен да игра во Пари Сен Жермен еден ден. Французинот се врати на „Стемфорд Бриџ“ по контроверзна сезона во Милан, од каде што беше ослободен. Неговата прва сезона во Лондон, исто така, не беше многу успешна откако беше привлечен од Монако во 2017 година.

Дваесет и четири-годишниот играч од средниот ред е роден во Париз и не ја крие желбата да игра за клубот од главниот град на Франција.

– Да, секако, еден ден би сакал да играм во Париз. Не можам да лажам за ова, бидејќи е нешто големо за мене и моето семејство. Ние сме вистински Парижани, изјави халфотза „Екип“.

Братот и агент на играчот, Абдула додаде дека нема понуди за Бакајоко, но неговата намера е да остане во Челзи.

– Добиваме повици секој ден. Причината е неговата добра сезона во Милан. Сепак, треба да размислиме кој е најдобар проект и во моментов тоа е Челзи. Ќе видиме како ќе започне сезоната, но тоа не ни пречи да слушаме други предлози, изјави Абдула.