Бакајоко по конфликтот со Гатузо може да го смени Милан со Интер


Фудбалерот од средниот ред на Милан, Тимуе Бакајоко, во текот на летото може да ја промени клупската средина но не и градот.

Како што објави „Спорт Медиасет“ за Французинот се интересира Интер, додека „росо-нерите“ нема да го откупат неговиот договор од Челзи.

До оваа ситуација дојде по конфликтот меѓу Бакајоко и главниот тренер на Милан, Џенаро Гатузо.

Цената за откуп на договорот на Бакајоко е 35 милиони евра. Се шпекулира дека фудбалерот ќе се врати во Челзи, а потоа Интер ќе го изнајми за 5-6 милиони евра со право на откуп за 30-32 милиони евра.