Бајден: Злосторствата во Украина се навреда за човештвото


Американскиот претседател Џо Бајден снимките по повлекувањето на руските трупи од делови на Украина ги нарече навреда за човештвото и го поздрави исклучувањето на Москва од Советот за човекови права на ОН.

– Лагите на Русија не можат да се споредат со неоспорните докази за тоа што се случува во Украина, рече Бајден.

– Информациите за луѓе кои биле силувани, мачени, егзекутирани – во некои случаи нивните тела сквернавени – се навредливи за нашето универзално достоинство, истакна американскиот претседател.