Бајден размислува за дополнителни санкции против Русија поради смртта на Навални


Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека размислува за дополнителни санкции против Русија, три дена по смртта на противникот на Кремљ, Алексеј Навални.

– Веќе имаме санкции, но во процес сме на разгледување дополнителни, им рече Бајден на новинарите во Белата куќа и повтори дека го смета рускиот претседател Владимир Путин за одговорен за смртта на Навални кој почина во петокот во затвор во рускиот Арктички круг.

САД и Европската унија веќе воведоа серија санкции против Москва од почетокот на руската инвазија врз Украина на 24 февруари 2022 година.