Бајден објави дека е негативен на Ковид-19


САД – Демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден денеска објави дека е негативен на Ковид-19.

– Среќен сум што можам да објавам дека Џил и јас сме негативни на Ковид-19. Ви благодарам на сите за поддршката. Се надевам дека ова ќе послужи како опомена: Носете маски, држете физичка дистанца и миете ги рацете, напиша Бајден на Твитер.

Бајден се тестираше откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека тој и Меланија се позитивни на новиот коронавирус.