Бајден ќе објави нов пакет воена помош за Украина во вредност од 375 милиони долари, тврди американски претставник


 Американскиот претседател Џо Бајден во јапонскиот град Хирошима, каде учествува на самитот на Г-7, ќе објави нов пакет воена помош за Украина во вредност од 375 милиони долари, изјави анонимен американски претставник.

Toj потврди дека новиот пакет воена помош за Киев ќе вклучува артилерија, муниција и реактивни системи „Хајмарс“.