Бајден: Благодарејќи на Трамп, Северна Кореја има поопасни ракети

Претседателскиот кандидат на Демократската партија и поранешен потпретседател на САД, Џо Бајден го обвини својот ривал, актуелниот шеф на државата Доналд Трамп, дека е одговорен што денес Северна Кореја располага со поголем број и поопасно ракетно вооружување.

Бајден го обвини Трамп дека ги „прегрнал диктаторите“, како што е севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и истовремено ги запоставил односите со традиционалните американски сојузници.

– Ги прегрна сите диктатори кои му се во видокруг и им стави прст во око на сите наши пријатели, оцени Бајден.