Бајден: Ако се уште не сте одлучиле за кого ќе гласате, тогаш не сте црнци


Кандидатот на Демократската партија за претседател на САД Џо Бајден изјави дека Афроамериканците „не се црнци“ ако размислуваат за тоа да гласаат за неговиот противкандидат, актуелниот претседател Доналд Трамп.

Изјавата, која многумина ја оценија како гаф, Бајден ја даде вчера, при гостувањето на емисијата „Брекфаст клаб“ на познатиот афроамерикански водител Шарламејн Да Гад

За време на 18-минутното интервју, 77-годишниот Бајден ја истакна важноста на афроамериканските гласови, особено ако се земе предвид дека тој ја освои партиската победа во државата Јужна Каролина, каде црните гласачи сочинуваат 60 проценти од телото на демократскиот електорат.

– Јас победив во секоја област. Јас освоив најголем удел на црни гласови, дури и повеќе од Барак (Обама), рече Бајден, додавајќи дека неколку афроамерикански жени се на неговиот список на можни потпретседатели.

Кон крајот на интервјуто, водителот се пожали дека Бајден мораше да го скрати присуството, велејќи дека „тој не може да го прави тоа на црнечките медиуми“.

Поранешниот потпретседател тогаш одговори дека „тоа го прави и на белите и на црните медиуми“. Шарламејн му предложил на Бајден да се врати во шоуто наскоро затоа што има повеќе прашања за него

– Ако имате проблем да одлучите дали сте за мене или за Трамп, тогаш не сте црнци, одговори Бајден.

Демократскиот претседателски кандидат подоцна изрази жалење поради несоодветниот коментар.