Бахамите бројат мртви, Флорида на удар, нека се подготви и Каролина
По разорниот удар на ураганот „Доријан“ на Бахамите, тој се упати кон САД. Сиолните ветрови, дождот и поплавите кои веќе ја погодија Флорида, ќе се прошират и на Јужна и Северна Каролина.
Тропската бура стигна до брегот на Флорида, а иако веќе не е категорија пет, сепак се зголеми обемот па ветровите зафатија поширока територија, пренесе Вашингтон пост.
„Доријан“, кој за сега е бура од втора категорија, во текот на викендот пустошеше на брегот на Бахамите, со рекордни налети на ветрот од речиси 300 километри на час.
Снимките и фотографиите покажуваат потполно разорно дејство над Големо Абако и Големите Бахами, а „бахама прес3 јавува дека има многу мртви и настрадани во поплавите кои следеа откако „Доријан3 помина низ островите.
Според офисцијални но непотполни извештаи, седум лица загинаа, а „Бахама прес“ пишува дека списокот на исчезнати е се поголем и дека ќе има зголемен број жртви штом се пребројат и пронајдат сите затрупани под урнатините.
Премиерот на бахамите, Хуберт Минис, синоќа на прес-конференција за новинари рече дека летал над островот Абако и дека видел група луѓе како мафтаат со жолти маички. Според него, во пристаништето Марш оштетени се 60 куќи, пренесе АП.