Баерн одбил да го ангажира Роналдо
Германија- Спортскиот директор на Баерн Хасан Салихамиџиќ денеска призна дека можел да го ангажира португалскиот фудбалски репрезентативец Кристијано Роналдо во летниот преоден рок, но тој одбил, пренесува германски „Билд“.
Минатата година Салихамиџиќ, меѓу другите, во Баерн ги доведе Матијс де Лигт и Садио Мане, а одби да го ангажира Роналдо, кој тогаш настапуваше за Манчестер Јунајтед.
Спортскиот директор на Баерн откри дека го контактирал поранешниот менаџер на Роналдо, Жорге Мендеш, тврдејќи дека Португалецот сака да ја продолжи кариерата во германскиот шампион.
„Разговаравме за Роналдо, но јасно му кажав на Мендеш дека работата не ни одговара. Таа работа не би му одговарала на Баерн, ниту финансиски, ниту спортски“, изјави Салихамиџиќ.
Тој истакна дека никогаш не размислувал да го доведе Роналдо во Баерн.
„Тоа едноставно не одговара на нашата филозофија. Иако понекогаш имаме можност да донесеме играч од светска класа, мора да знаеме како да ја финансираме целата зделка“, заклучи спортскиот директор на Баерн.
Роналдо во ноември минатата година го раскина договорот со Манчестер Јунајтед, а потоа од премина во Ал Наср од Саудиска Арабија.
Португалецот потпиша договор со Ал Наср до јуни 2025 година, според кој треба да заработи 500 милиони евра, а потоа ја раскина соработката со Мендеш.