Баерн го отпушти тренерот Ковач


Германија– Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен на својата официјална веб-страница објави дека ја прекинува соработката со тренерот Нико Ковач.

Договорот со 48-годишниот хрватски стручњак раскинат со меѓусебна согласност на страните.

Помошникот тренер Ханс Флик привремено ќе го предводи тимот.

Баерн во последниот натпревар од Бундеслигата вчера загуби од Ајнтрахт Франкфурт со 5:1.

После десет кола, Баварците се на четвртото место во Бундеслигата.