Бeрбок од Донбас повика на деескалација околу Украина


Аналена Бербок со панцир и шлем во село во Донбас

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бeрбок ја посети линијата на фронтот во Донбас, каде се задржа околу 40 минути и од таму повика на деескалација на ситуацијата околу Украина, пренесува германски Билд.

Беарбок вчера беше информиран на лице место за ситуацијата на линијата на разграничување меѓу украинските владини трупи и сепаратистите. Таа беше во Донбас со шлем на главата и заштитен елек, каде командантот на украинските сили на самиот фронт и објасни каква е моменталната ситуација на теренот, пишува „Билд“.

„Ова место јасно укажува на тоа колку е важно да се оживеат договорите од Минск и да дојдеме во ситуација да се воспостават ред и мир, за луѓето да можат да продолжат да живеат во регионот кој е нивен дом“, рече Бeрбок. Германската министерка ја повтори потребата од решавање на украинската криза по дипломатски пат.

„Нема да можеме да спречиме руска агресија со воени средства, затоа ќе направам се за да одам напред чекор по чекор на преговарачката маса“, нагласи таа.

Бeрбок од вчера е во посета на Киев, каде прво се сретна со украинскиот колега Дмитриј Кулеба и изрази силна поддршка за Украина, со порака дека „Германија е подготвена да плати висока економска цена за да го одврати Москва од нејзините планови“.

Претходно планираната средба на германската министерка за надворешни работи со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, не се одржа поради „проблеми со распоредот“.