Бачовски: Исплатени 377,7 милиони денари за откупено грозје за винската индустрија


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој заедно со Генералниот секретеријат на Владата денеска на сметките на 8.780 лица им исплати вкупно 377,7 милиони денари за „Ковид 19“ мерката за откупено грозје за винската индустрија.

Директорот на Агенцијата Никица Бачовски изјави дека средствата се веќе легнати на сметките на сите кои ги исполниле условите за добивање на средства преку некоја од мерките од ковид пакетот.

– За мерката поддршка по килограм на произведено винско грозје до 18 проценти шеќерни единици наменето за производи од грозје и вински дестилати, исплатени се  92.755.758 денари на 1.970 субјекти. Корисници на оваа мерка се сите производители на грозје кои во периодот од 15 август до 31 октомври 2020 година, произведените количини ги предадале на регистрирани производители на вино наменето за производи од грозје и вински дестилат, истакна Бачовски.

На сметките на 6.763 земјоделци Исплатени се и 211.481.873 денари на сметките на 6.763 земјоделци кои во периодот од15 август до 31 октомвриго предале произведеното грозје кај регистриран откупувач на винско грозје за производство на вино или за извоз на винско грозје.

Со овој пакет се обезбеди и поддршка од 30 проценти за направени транспортни трошоци за извезено флаширано вино и 20 проценти за направени транспортни трошоци за извезено наливно вино. По овие основи на 28 субјекти, исплатени им се  63.422.227 денари.

– На овој начин се амортизираа транспортните трошоци што домашните капацитети ги имаа направено за извезено вино во шишиња во периодот од 1 јануари до 31 октомври 2020 година. Исто така преку овој„ Ковид 19“ пакет мерки се обезбеди и  поддршка за извезено винско грозје. Со оваа мерка опфатени се19 субјекти и на нивните сметки исплатенисе10.008.490 денари, велат од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Овие мерки, како што посочуваат од Агенцијата, биле креирани и донесени во соработка со  производителите на грозје, но и на винарниците а целта беше да се помогне на овој сектор кој беше директно погоден од последиците кои ги предизвика пандемијата.