Бачев вели дека на 15 јули ќе престанеле националните предавства

Коалицијата „Никогаш северна само Македонија“ ја продолжи кампањата во Куманово. Таму зборуваше претседателот на партијата Единствена Македонија, Јанко Бачев, кој рече „дека народот масовно ја прифаќа нашата платформа“. Нивната платформа се вика „Битка за Македонија“, а во неа 1.066 мерки од економскиот дел.

„Убеден сум дека народот веќе нема да погреши. Народот веќе нема право на грешка, бидејќи гледате веќе имаме две партии кои што 30 години лажат, крадат ја растураат државата. Тоа всушност не се две партии, тоа е една партија која ние ја нарекуваме ‘Погреб за Македонија’ составена од ДПМНЕ и СДС кој што континуирано го рушат македонскиот народ. На 15 јули ќе престанеме со националните предавства. На 15 јули ќе престанеме со наредбите од странство. На 15 јули ќе победи народот“, рече Бачев на трибината во Куманово.