Азербејџанецот кој со старо возило тргна да им помогне на луѓето во Турција, сега доби нов автомобил


Азербејџанецот Сервер Бесирли, кој се придружи на кампањата за помош на настраданите во земјотресот во Турција со својот стар црвен автомобил, доби нов автомобил.

Сервер натовари сѐ што има на своето старо возило, замина од трошната куќичка во која живее, директно во погодените подраќја за да помогне. Кога го прашаа кои работи ги донира, рече дека тоа е сѐ што има, но дека сега има луѓе на кои тие стари душеци, постелнини и облеки им се попотребни отколку нему. Цел свет му се восхитуваше на неговата одлука и велеа дека оние кои најмалку имаат – најмногу даваат.

Тој гостуваше во една телевизиска емисија во Азербејџан. Еден бизнисмен кој го гледал шоуто, се јавил за време на рекламите на водителот на емисијата и рекол дека ќе му подари нов автомобил на Сервер.
На 13 февруари, Сервер повторно беше гостин во емисијата, а тогаш му беа предадени и клучевите од новиот автомобил.