Азар не сака да го споредуваат со Меси


Новото засилување на Реал Мадрид, Еден Азарија го постави Лионел Меси на врвот на светскиот фудбал. Тој го стори тоа на прес-конференција пред претстојниот квалификациски дуел помеѓу Белгија и Шкотска.

На прашањето дали може да се спореди со ѕвездата на Барселона, Азар увери дека „тоа е невозможно“.

– Точно е дека имаме некои сличности: и двајцата сме ниски, и двајцата сме брзи … Но, тој постигнува голови во сите натпревари, а јас не. Не можам да се споредам со неспоредливиотт, рече Азар.

Според него, нема двајца најдобри во историјата.

– Има само еден и тој е, Лео Меси, додаде белгискиот фудбалер.

Восхитувањето на Азар кон Меси не е ново. На почетокот на годината, во интервју за телевизискиот канал „ХЛН“, тој одби да го спореди аргентинскиот фудбалер со Кристијано Роналдо.