Автомеханичар ни открива: Како најмногу се „крадат“ муштериите


Скоти Килмер е автомеханичар со 54 годишно искуство.Тој на својот канал на Јутјуб, кој го следат речиси шест милиони луѓе, редовно ги советува возачите кој автомобил да купат, како да заштедат при возење и слични работи…

Во морето од бескорисни додатоци за кои возачите трошат значителни суми, Килмер ја пронајде „најголемата измама“. Станува збор за адитиви за гориво. Во разговор за The Sun, тој објасни зошто адитивите се целосно непотребни денес. „Луѓето стануваат зависни од адитиви од различни причини, но факт е дека тоа е губење пари“.

Моторните горива денес се многу подобри и поквалитетни, а стандардот е регулиран од државата и мора да содржи одредена количина на адитиви. Сè додека редовно го менувате маслото и го возите автомобилот нормално, адитиви не се потребни. Тоа е прескап и целосно бескорисен додаток, дури може да се каже дека е грабеж на наивни возачи“, заклучи Килмер.

Вечната дилема: Дали сами треба да додавате адитиви во горивото?
Одговорот на тоа прашање, очекувано, не е едноставен и недвосмислен. Поквалитетните горива веќе содржат адитиви кои го спречуваат создавањето наслаги, го подобруваат подмачкувањето, го олеснуваат распрснувањето…, со што краткорочно имаат позитивно влијание врз работата на моторот преку почисто и поцелосно согорување, а долгорочно преку помали трошоци за одржување.

Ако користите само такви горива, нема потреба да додавате адитиви, но ако постои сомневање дека моторот работи неправилно или неговите перформанси се намалени поради, на пример, наслаги на инјекторите или седиштата на вентилите, адитиви кои помагаат да се отстрани овие наслаги (се разбира, ако не се премногу големи) можат да бидат поедноставно и секако поевтино решение од расклопување и чистење на делови од моторот.