Автократијата во Србија e значително зајакната


Заменик-директорката на шведскиот институтот „В-Дем“, Ана Лурман, изјави дека во Србија драстично е намален „индексот на либералната демократија“ што тој институт го користи при проценка на состојбата на демократијата во државите.

-Во 2009 година, вредноста на тој индекс беше 0,53, а минатата година падна на 0,25, изјави Лурман за „Данас“, објаснувајќи дека со тоа Србија е рангирана меѓу земјите кај кои автократијата е значително зајакната.

Институтот на Универзитетот во Гетеборг ја опиша Србија како „изборна автократија“ и таа се најде на 139-то место од 179 земји, постигнувајќи најлош резултат на Западен Балкан.

Според Лурман, лошиот резултат на Србија „во голема мера ја одразува цензурата во медиумите, напорите на владата да влијае врз работата на медиумите“, но и „стеснатиот просторот за работа на граѓанското општество и академските институции“, како и „загриженоста за квалитетот на изборниот систем”.

Кога станува збор за регионот, најдобро рангирана е Словенија, потоа Хрватска, иако Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Косово, се оценети како „изборни демократии“, додека само Србија и Црна Гора се опишани како „автократии“, пренесува весникот Данас.