Автобуси на ЈСП по зимски возен ред – градежни работи на рутите
Од ЈСП „Скопје“ информираат дека автобусите во јавниот градски превоз сообраќаат по зимски возен ред.
Како што соопштуваат од претпријатието, поради изведување градежни работи на одредени делници, изменета е трасата на движење на повеќе автобуски линии.
Станува збор за линиите 3б, 4, 7, 9, 18, 23, 24, 44, 54 и 118, кои во одредени делови од своите рути сообраќаат по изменет режим.
Од ЈСП апелираат до граѓаните да ги следат тековните информации и да ги почитуваат привремените измени, со цел непречено користење на јавниот превоз.