Автобус на ЈСП излета од пат, патници пренесени на Ургентен


Во 18,40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат село Долна Матка-Горна Матка автобус „Јутонг“ на ЈСП, управуван од 55-годишниот М.Б. од Скопје излетал надвор од коловозот.


Во незгодата со повреди се здобиле патниците М.И.(59), С.И.(31) и А.Х.(22) сите од Матка-скопско и биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.