Австрискиот министер за образование ги повика универзитетите да ја прекинат соработката со Русија


Министерот за образование на Австрија, Мартин Полашек ги повика австриските универзитети и научни институции да ја замрзнат соработката со Русија.

Откако Европската комисија утврди санкции во областа на науката и истражувањето, министерот Полашек им препорача на австриските институции од таа област да ја замрзнат досегашната соработка со руските институции до дополнително известување и критички да ги разгледаат поединечните контакти.

Во изјавата, Поласек укажа на напорите на австриската влада да им помогне на Украинците кои ја напуштиле својата земја.

Министерството за образование ја укина наплатата за студии за околу 2.300 украински студенти во Австрија за летниот семестар.