Австриската полиција се огласи за девојчето од снимката кое наликува на исчезнатата Данка
Австриската полиција се огласи по повод видео на кое се гледа девојче кое личи на исчезнатата Данка (2) од Србија. Да потсетиме, помина повеќе од една недела од исчезнувањето на малата Данка, на која и се губи секаква трага во Бањско поле, на истокот на централна Србија.
„Не можеме со 100% сигурност да кажеме дали исчезнатото девојче е на видеото“, изјави денеска за Клајн Цајтунг портпаролот на виенската полиција Маркус Дитрих.
Тој рече дека австриската полиција се уште се обидува да го потврди идентитетот на девојката од видеото со помош на достапната технологија.
„Човекот кој ја направи снимката е сослушан и во моментов нема други сведоци. Приоритет на полицијата е да ги пронајде девојката од видеото и двете жени со кои била во друштвото. Истрагата е во тек и нашите детективи добро напредуваат. Штом ќе имаме нови информации веднаш ќе ја информираме јавноста“, изјави портпаролот на виенската полиција.