Австриската компанија ја затвори српската месна индустрија „Митрос“
Австриската компанија „Митрос флајшварен“, сопственик на месната индустрија „Митрос“ во Сремска Митровица, денеска на крајот на првата смена ќе ги „заклучи“ портите на таа индустрија кога останатите 120, од околу 440 работници, ќе си заминат дома, изјави претседателот на Самостојниот синдикат Милан Смолјановиќ.
Тој за агенцијата Бета изјави дека сопствениците на „Митрос флејшварен“ – компанија ќерка на холдингот „Герлингер“ донеле таква одлука во септември годинава и дека синдикатот нема информации што ќе се случи со имотот на „Митрос“.
„Се шпекулира дека некои Унгарци се заинтересирани да ја купат фабриката, но фабриката сз уште не е продадена, бидејќи да беше, ќе знаевме“, рече Смолјановиќ.
Тој додаде дека на работниците им се исплатени сите долгови и отпремнини, а преостанатите плати за декември ќе бидат исплатени на 5 јануари.
Стимулативните отпремнини зависеле од стажот – работник со една година стаж земал две бруто плати, за четири години 2,5, а за пет години стаж му биле исплатени три бруто плати.
Холдинг „Герлингер“ во Србија работи од 2016 година, а на свеченоста по повод отворањето на фабриката присуствуваше и Александар Вучиќ, тогашниот премиер, кој потврди дека компанијата добила финансиска помош од Владата на Србија во износ од 5,8 милиони евра како субвенција за вработување.
Кога Герлингер го презеде „Митрос“ во 2015 година, плати околу 800.000 евра за околу 13 хектари земјиште и 36 згради од таа фабрика, со план да инвестира десет милиони евра. Сопствениците не соопштуваат што е досега реализирано.