Австрија прва во ЕУ субвенционира поправка на електрични уреди


 Австрија со поддршка на Европската Унија ќе субвенционира поправка на стари или расипани електрични апарати со цел да ги поттикне граѓаните да ги користат што подолго, а крајната цел е да заштита на ресурсите, животната средина и одржлива циркуларна економија.

Државата од денеска ќе ги финансира граѓаните со ваучери до 50 отсто од трошоците за секоја поправка на електричен или електронски уред, а субвенцијата може да изнесува најмногу до 200 евра, јавија австриските медиуми.

Проектот „бонус за поправки“ го смисли австриското Министерство за заштита на климата, а за таа цел до 2026 година веќе се обезбедени 130 милиони евра од Фондот за обнова „Следната генерација на ЕУ“.