Австрија: Неверојатно поскапување на брашното


Во Австрија цените на храната значително се зголемија во последните месеци, со што најевтиниот вид брашно е поскап за дури 127 отсто на годишно ниво, покажа истражувањето на Комората на труд (АК).
Секој што сака да испече торта ќе мора да ја стави раката во паричникот многу подлабоко од минатата година за одредени состојки.

Така, цената на килограм најевтиното брашно од 0,41 евро колку што чинеше лани се зголеми на сегашните 0,92 евра.

„Ова е зголемување од речиси 127 проценти“, рече заштитникот на потрошувачите на комората, Габриела Згубиќ, пренесе Танјуг.

Истражувањето на АК покажува дека цената на килограм најевтиниот путер пораснала од 5,67 евра на 9,96 евра, што е раст од речиси 76 отсто.

Големиот проблем, освен поскапувањето, е што често во продавниците нема поевтини производи, па потрошувачите мора да купуваат поскапи производи, појасни таа.

АК ги поздрави најавените мерки за растоварување на граѓаните, но смета дека Владата треба да донесе одлука за привремено намалување на ДДВ за прехранбените производи.