Австрија најсреќна земја во ЕУ, Бугарија најнесреќна


Европската агенција за статистика (Евростат), објави податоци од годишното истражување „индикатори за квалитетот на живот“ по кои Австрија се најде на првото место, додека Германија и Бугарија се најмалку среќните земји во ЕУ.

Австрија оствари вкупна оценка од 7,9, додека Германија покажа резултат од 6,5, во однос на минатогодишните 7,1.

Полска, Финска и Романија го зазедоа второто место со 7,7. Бугарија е единствената земја која имаше индекс под 6.

„Интересно е да се види некои земји кои се поврзуваат со ниски приходи во блиското минато како што се Романија и Полска, меѓу земјите каде што квалитетот на живот е добар“, соопшти Евростат.