Австрија и Швајцарија ги олеснуваат граничните контроли


Австрија ќе почне да ги олеснува граничните контроли со Швајцарија во следните неколку дена и да ги укине во јуни, изјави канцеларот Себастијан Курц за швајцарски СРФ, пренесува Гардијан.

– Имаме добра комуникација со швајцарската Влада. Наша цел е да постигнеме договор во наредните денови за позначајни олеснувања и целосно да ги укинеме граничните контроли во јуни, рече Курц.

Во последните неколку недели Швајцарија и Австрија, со намалувањето на бројот на заразени и починати од коронавирусот, почнаа да отвораат некои затворени премини и да ги олеснат мерките за преминување граница.

Швајцарија има околу 30.400 заразени и 1.561 смртни случаи, додека Австрија има пријавено за 16.000 инфекции и 600 смртни случаи.