Австралиската држава Викторија веќе 28 дена нема ни еден случај со корона вирус


 

Втората најголеа австралиска држава Викторија, која беше жариште на зараза со Ковид-19, објави дека поминале 28 дена без ниту еденз аразен со корона вирус, што е мерило кое често се наведува за да се прогласи подрачје чисто од вирусот.

Државата нема ни еден активен случај откако последниот болен од Ковид-19 е пуштен оваа недела од болница, што е далеку од август кога земјата имаше 700 случаи на ден и близу 8.000 случаи вкупно.

Ширењето навирусот е сопрено со затворањето кое траеше повеќе од 100 дена, потеди што пет милиони жители на Мелбурн, вториот најголем австралиски град, мораа да останат дома, пренесе Ројтерс.

Затворањето овозможи пад на заразата, но и го успори стопанското закрепнување од првата рецесија во три децении, откако во март беа затворени големи бизниси.

Австралиската јужна островска држава Тасманија во последно време ја отвори својата граница кон Викторија, со што се овозможи семејствата кои долго беа разделени повторно да се видат.

Викторија е последната австралиска држава која доби пристап до Тасманија, која своите граници ги затвори во март.