Австралиска медицинска сестра ги предупредува жените
Коронa вирусот воспостави многу построги мерки околу хигиена. Темелно миење на рацете, избегнувње допир, сето ова мора да се почитува, но малкумина размислуваат за тоа колку бактериите остануваат под ноктите, особено вештачките.
Медицинска сестра од Австралија предупредува дека долгите надградени нокти можат да бидат вистинското легло на вируси и бактерии.
Првата мерка за одбрана од вирусот е чисти раце, а вештачките нокти не дозволуваат детална хигиена.
Причината е едноставна, на пластиката или гелот што се користи за надградба на ноктите вирусите преживуваат многу подолго и потешко се отстрануваат. Покрај тоа, многу е потешко темелно да се измие делот под ноктите, каде вирусот останува во најголем дел.
Најдобро е да носите што е можно пократки нокти во овој период, а доколку имате вештачки нокти, отстранете ги што е можно поскоро. Мора да заборавите на овој моден детал во овој период со цел да го намалите ризикот од ширење на овој злобен вирус.