Австралија со 1,1 милијарди помага на оние кои останаа без работа


Владата на Австралија одлучи да издвои дополнителни 1,1 милијарди долари за помош на граѓаните кои останаа без работа поради пандемијата со Ковид-19.

Австралиската економија покажа дека има одговор на кризата и ние обезбедивме дополнителни средства за невработените лица, изјави премиерот Скот Морисон.

Речиси сите новозаболени лица се во австралиската сојузна држава Викторија, а најмалку пет милиони жители на Мелбурн се во карантин поради повторното ширење на новиот коронавирус.

Во Австралија досега речиси 11.000 лица се инфицирале со Ковид-19.