Австралија опен: Медведев казнет пред финалето со Надал


Додека Данил Медведев се подготвува за своето второ последователно финале на Австралија опен, за рускиот тенисер пристигнаа лоши вести.

Вториот тенисер во светот за својата втора титула ќе се бори во Мелбурн против Рафаел Надал, а доколку победи ќе го преземе првото место на АТП листата од Новак Ѓоковиќ.

Сепак, ден пред големото финале во Мелбурн, Медведев беше казнет од организаторите поради инцидентот за време на полуфиналниот дуел против Стефанос Циципас.

Медведев на тој меч сакаше да го сврти вниманието на судијата на „коучингот“ на својот ривал, на кој неговиот татко Апостолос му даваше совети од трибините. Во таа прилика, Медведев беше остар кон судијата Хаиме Кампистол, кому му рече:

– Погледни ме кога ти зборувам! Неговиот татко кажува за секој поен? Дали си глупав? О Боже. Ти си лош човек. Како можеш да бидеш толку лош во полуфинале на Грен слем, му рече Медведев.

Русинот доби опомена на теренот, по мечот му се извини на судијата, а сега стигна казната од 12.000 долари, ќе треба да ја плати, односно сумата што ќе му биде одбиена од наградата по финалето, која се игра во недела во 9.30 часот по македонско време.