Австралија опен дозволи настап и на тенисери заразени од Ковид-19


Австралија– В понеделник започнува првиот Грен слем турнир во 2023 година – Австралија опен. Тенисерите и тенисерките кои ќе настапат во Мелбурн нема да мораат да се тестираат на Ковид-19 и ќе можат да играат дури и ако се заразени со вирусот, објави организаторот.

Првиот човек на Австралија опен рече дека оваа година здравствената состојба битно се променила и вакцинирањето против коронавирусот веќе не е услов за настап на грен-слем турнирот во Мелбурн.

Грен слем турнирот во Мелбурн лани се одигра под строги антиковид мерки, а организаторите му забранија настап на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, бидејќи не е вакциниран против коронавирусот.