Австралија: Нема да брзаме со вакцинирање, гледаме што се случува во Британија


Под зголемен притисок да се забрза вакцинацијата против корона вирусot, австралискиот премиер Скот Морисон во вторникот рече дека нема да преземе „непотребни ризици“ и да го имитира итното одобрување на лекови во Велика Британија.

Иако многу држави веќе во голема мера го вакцинираат населението, австралиските фармацевтски власти се очекува да не донесат одлука за лековите на кандидатите уште најмалку еден месец, а целта е првите дози да им бидат дадени до крајот на март.

Под притисок заради ваквата навидум бавна програма, Морисон – кој се пофали на почетокот на пандемијата дека Австралија ќе биде „во првите редови“ на која било вакцина – посочи дека земјите опустошени од вирусот како Велика Британија биле принудени да ризикуваат со итно одобрување на вакцините, пренесе Хина.

„Австралија не е во вонредна ситуација како Велика Британија. Значи, не мора да брзаме. Не мора да ризикуваме”, изјави конзервативниот водач за локалното радио 3AW.

Австралија во голема мера го елиминираше пренесувањето на вирусот во заедницата, но во моментов се бори со мали жаришта на болеста во најголемите градови во земјата, Сиднеј и Мелбурн.

Во моментов има околу 26 пациенти со КОВИД-19 во болниците на национално ниво.

Тој рече дека Велика Британија, со речиси 60.000 случаи на КОВИД-19 дневно, е „во многу рана фаза“ на воведување на вакцината и „имаше многу проблеми, а тоа го стори по итна постапка“.

„Тие не ги тестираат сериите вакцини пред да бидат дистрибуирани меѓу населението, како што гледам“, рече Морисон, инсистирајќи на тоа дека Австралија ќе спроведе вакво тестирање.

Австралискиот премиер со недели изјави дека масовната вакцинација во Велика Британија, САД и на други места ќе ѝ обезбеди на Австралија повеќе податоци за безбедноста на вакцините отколку што би можеле клиничките испитувања.

Австралија – со околу 25 милиони жители – се согласи да купи речиси 54 милиони дози на вакцината на Универзитетот во Оксфорд / АстраЗенеца, со 3,8 милиони испорачани на почетокот на оваа година.

Исто така, постигна договор за 51 милион дози на Новавакс оваа година, 10 милиони дози Pfizer / BioNTech на почетокот на оваа година, а инвестираше и во домашна вакцина од Универзитетот во Квинсленд, од која се откажа уште за времем на тестирањето.